Секција 5. ВИЗУЕЛНИ СЛИКИ ЗА ВАШАТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Pitch Deck е кратко напишана презентација, која ја користат претприемачите за да ги презентираат своите бизнис идеи, најчесто пред инвеститорите. Основната цел на презентациите е да се соберат средства за вашата бизнис идеја. Алехандро Кремадес советува дека претприемачите треба да подготват два вида на презентација:

  • една многу детална што ќе ја испратите по е-пошта и 
  • една со повеќе слики и визуелен приказ, што ќе се користи за лично претставување на вашата идеја.

Потенцијалните инвеститори обично ќе побараат од вас да им испратите детална презентација, врз основа на која ќе одлучат дали воопшто сакаат да се сретнат со вас. Без разлика дали е детална или е за лична средба, презентацијата треба да биде лесна за следење и разбирање. Едно истражување, спроведено од DocSend, покажа дека инвеститорите трошат во просек 3 минути и 44 секунди за една презентација.

Карактеристики на презентацијата:

  • презентацијата е визуелно претставена на начин кој е логички структуриран, визуелно добро претставен, со графикони и слики употребени правилно и за целта, добро избалансирани;
  • за лична средба, се препорачува да се задржи до 20 слајдови, иако некои експерти советуваат дека идеално би било 10 слајдови;
  • Алехандро Кремадес советува дека вашата презентација треба да трае до 5 минути, иако треба да имате предвид дека во случај на одредени програми и натпревари, донаторите и организаторите ги поставуваат своите правила што се однесуваат на должината на презентацијата и говорот. 

Постојат различни дигитални алатки што можете да ги користите денес за да ја направите вашата презентација јасна и лесна за прифаќање. Најчесто користени алатки се PowerPoint, Canva, Prezi и Keynote.

Совети за да направите високо квалитетни презентации

Person with ideaВежби

Направете ја вашата презентација и презентирајте ја вашата сопствена идеја користејќи некои од алатките: Canva, Prezi, PowerPoint и Keynote, користете ги како примери на следниот линк: https://www.canva.com/learn/pitch-deck-examples/

Понатаму, анализирајте некои од најдобрите презентации и направете го вашиот преглед на работи што треба да се направат и работи што не треба да се направат: https://visme.co/blog/best-pitch-decks/

Разменувајте ги меѓусебно со вашите колеги презентациите и направете рецензија со колегите. Дајте му повратни информации на вашиот колега, за тоа што ви се допадна во неговата/нејзината презентација и што му предлагате дека треба да подобри.

mk_MKMacedonian
Section 5. Visuals for your Pitch Deck - Erasmus GEA